ДС Смитх со добивка од 6,4 милиони денари во првото полугодие од 2017 година

20

ds-smith

За ДС Смитх првото полугодие од 2017 година заврши со добивка од 6.419.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – јуни лани, компанијата прикажа добивка од 4.345.000 денари.

“Во тековната година остварени се вкупни приходи од продажба 317.900.000 денари, коишто во однос на 2016 година се зголемени за 11%. Вкупните оперативни расходи изнесуваат 312.527.000 денари, коишто во однос на 2016 година се зголемени за 10%. Позитивниот резултат се должи на зголемена продажба на домашен пазар, зголемено производство и реализација во однос на минатата година, како и доброто менаџирање на трошоците за основните суровини и репроматеријали во производство“, стои во Образложението за остварените резултат.

Вкупните приходи од продажба во првото полугодие од 2017 година беа на ниво од 317.900.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 213.346.000 денари, а на пазари во странство отпаѓаат 104.554.000 денари.

ДС Смитх е компанија што се занимава со производство на хартија и амбалажа, како и со собирање и рециклирање стара хартија.