Фото: Pixabay
Во второто полугодие од 2017 година, во Република Македонија просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесуваше 4.973 денари по KWh, што претставува пад од 0,9%, во споредба со првото полугодие од 2017 година, велат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3.329 до 7.686 денари по KWh, по групи потрошувачи. Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 16.375 до 27.605 денари по nm3, по групи потрошувачи.
Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесува 33.345 денари по nm3.