Дубаи ќе го гради наголемото панорамско тркало во светот, Dubai Eye

28

c03795e3-93cf-4545-bd57-e7259ffb19fa_Full-08Дубаи е подготвен за градење на нов монументален објект кој уште толку ќе го збогати луксузниот град. Овој пат станува збор за најголемото панорамско тркало во светот.

Изградбата на панорамското тркало или Dubai Eye, е планирана да започне пролетва како дел од поголем проект, лоциран на брегот на Jumeirah Beach Residence, кој се очекува да привлекува повеќе од три милиони посетители годишно.

f20d6d3e-4e6a-4a14-987f-f326f9e674befull-010-0001

Со својата импресивна висина од 210 метри, Dubai Eye ќе биде повисоко за цели 45 метри од Singapore Flyer, кое моментално е најголемото панорамско тркало во светот, со висина од 165 метри.

Цената за изградба на ова огромно здание изнесува една милијарда AED (емиратски дирхами), (204 милиони евра), а панорамското тркало се очекува да биде најголемата туристичка атракција на проектот Bluewaters кој вклучува станбени згради, ресторани и забавен парк.

Dubai-world-largest-Ferris-wheel-468x352

Посетителите кои ќе се возат на Dubai Eye ќе можат да уживаат во неповторливиот поглед на брегот на Dubai и во познатите импресивни градби како хотелот во форма на полжав Burj Al Arab, Palm Jumeirah и највисоката зграда на светот Burj Khalifa.