Дубровник годинава очекува 354 крузери со над 600.000 патници

54

Властите во Дубровник очекуваат оваа година хрватскиот туристички град да го посетат 354 бродови со повеќе од 600.000 патници.

“Пазарот на крузери би можел да закрепне од први јуни. Најавите се многу добри, а дали тоа ќе се случи, зависи од епидемиолошката ситуација“, изјави Блаж Пезо, директор на Пристаништето Дубровник.

Дубровник беше голем туристички центар и магнет за крузери ширум светот, но поради пандемијата забележан е голем пад на бројот на туристи и ноќевања.

Фото: Freepik