Дубровник ќе го добие првиот хотел со седум ѕвезди?

43

belvedere

Доколку се остварат плановите на инвеститорот, рускиот милијардер Виктор Векселберг, хотелот Belvedere ќе биде првиот од категоријата седум ѕвезди во Дубровник. Новиот Belvedere ќе се наоѓа на местото на стариот, но дополнет со содржини за клиенти со подлабок џеб. Ќе се протега на 25.000 метри квадратни, ќе има 120 соби и нова хотелска плажа, пишува Слободна Далмација.

Според Давор Штерн, претприемач и консултант на компанијата Vila Larus, која во мај минатата година го купи хотелот за 12,17 милиони евра, инвестицијата би се движела околу 150 милиони евра.

Претставници на инвеститорот минатата недела го претставија идејниот концепт пред стручните служби на Град Дубровник, а првите реакции се позитивни, затоа што хотелот е ненаметлив и се вклопува во зеленилото, пишува весникот.