Дубровник: Намалени цени до 60%, а туристи пак нема

177

Градот Дубровник, еден од најважните туристички престолнини на хрватското крајбрежје, оваа година бележи рекорден мал број туристи поради пандемијата на коронавирусот.

Според системот за проверка и одјавување на гости на eVisitor, 2.145 гости престојувале во Дубровник на 5 јули 2020 година, што е само 13% од бројот на гости кои престојувале  минатата година кога биле реализирани 24.824 ноќевања.
Туристичкиот одбор во Дубровник наведува дека најбројни гости во хотелско сместување во тој град во моментот се од Германија, Хрватска и Босна и Херцеговина и дека Германците, Французите и Полјаците претежно престојуваат во приватно сместување.

На почетокот на сезоната и угостителите од Дубровник се надеваа на подобра состојба, пренесува Index.

Потпретседателот на стручната група на туристички агенции во Хрватската стопанска комора и сопственик на туристичката агенција за изнајмување, Славица Гркец, вели дека падот на прометот на нивната агенција до 1 јули е 94,67%.

“Се продаваат најевтиното и најлуксузно сместување што го нудиме”, рече Гркеш.

Кога станува збор за цените, таа тврди дека скоро сите ги спуштиле, некои дури и до 60%, додека други решиле да не ги изнајмуваат своите станбени единици за туристички цели.

Фото: Pixabay