Дубровник трет во светот по зависност од туризам

234

Дубровник се наоѓа на шестото место во светот по уделот на туризмот во економијата на листата со 73 градови кои се најдоа во извештајот на Светскиот совет за туризам и патување (World travel and tourism council – WTTC).

Зад Макао и Даблин, Друбровник е третиот град во светот по зависноста од потрошувачката на странските туристи со удел од 95,7%. Хрватскиот град е на трето место и по интензитетот на туристичкиот промет. Ова е единствена хрватска дестинација којашто се најде во анализата на WTTC.

Овие 73 градови, кои се дел од извештајот, претставуваат околу една четвртина од глобалниот БДП во туризмот и генерираат над 17 милиони работни места во секторот.

Извештајот покажа дека градовите во споредба со остатокот од туризмот во голема мера се потпираат на странските гости.

Хонг Конг забележа најголема меѓународна потрошувачка на посетителите во 2018 година од 44 милијарди долари, додека Дубаи лани заработи 28 милијарди долари од странските туристи. Приходите од туризмот во градовите лани пораснаа за 3,6%.

Двата најбрзорастечки градови лани се Истанбул и Анталија со повеќе од 15% раст, па следува Москва со 14% раст благодарение на Светското првенство во фудбал, кое им донесе 20% повеќе приходи од странските гости.

Фото: Pexels