Хрватскиот град Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани, пишува Јутарњи лист.
По ограничување на бројот на крузери во пристаниште на два пати дневно во текот на летната сезона и намалување на бројот на маси на терасите на рестораните и кафулињата за 20%, Дубровник става забрана за нови маси и столчиња на јавни површини во следните пет години.
“Секој кој ќе сака да постави нови маси на јавна површина во Стар град нема да може да го направи тоа во следните пет години. Тоа би значело забрана за отворање на нови ресторани. Покрај тоа, одлучивме и просторот на постоечките ресторани, коишто во тој период ќе бидат затворени, да не бидат оспособени за друга дејност“, изјави Мато Франковиќ, градоначалник на Дубровник.
Инаку, веста за забрана за отворање нови ресторани во овој хрватски туристички бисер ја пренесе и CNN, кој градоначалникот го опиша како “борец против негативните последици од масовниот туризам“.
Фото: Pixabay