Дукат основа компанија во Бугарија

60

dukat-upravna-zgradaХрватската компанија за производство на млеко и млечни производи Дукат, преку Загрепска берза објави дека ќе основа нова компанија во Бугарија. Одлуката е донесена на 1 јули годинава, според која се формира ново трговско друштво во Бугарија, Лакталис Бугарија ЕООД, со седиште во Софија, стои кратко во соопштението.

Дукат, компанија која е во сопственост на Лакталис, е основач на новата компанија со 100% удел.

Оваа хрватска компанија во мај стана сопственик на вкупно 96,52% од акциите на словенечката млекарница Љубљанске млекарне.

Во сопственост на Дукат е и македонската млекарница Идеал Шипка.