Дуропацк за девет месеци работеше со добивка од 24,5 милиони денари

10

Duropack

Компанијата Дуропацк во период од први јануари до 30-ти септември оваа година работеше со добивка којашто достигна 24.596.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите девет месеци од 2014 година, компанијата прикажа загуба од 3.384.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од 2015 година беа на ниво од 432.116.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 292.563.000 денари, додека 139.553.000 денари се остварени на странски пазари.