Две банки го шокираа Wall Street со блок трансакции од 19 милијарди долари

135

Банките Goldman Sachs и Morgan Stanley продадоа акции во блок трансакции на Wall Street од кинески технолошки и американски медиумски компании во вкупен износ од 19 милијарди долари.

Вредноста на овие блок трансакции ги шокирала брокерите кои се прашуваат што е причината за масовната продажба и дали тој тренд ќе продолжи.

Само Goldman Sachs во петокот продал акции во вредност од 10,5 милијарди долари, пренесува Bloomberg.

“Никогаш не сум видел нешто вакво во мојата 25-годишна кариера“, вели Мајкл Кеуч, портфолио менаџер на брокерска куќа за Bloomberg.

Според експертите, оваа ситуација поттикнува загриженост бидејќи инвеститорите не знаат дали ова е ликвидација на еден или повеќе фондови и кои се причините за ваквиот потег.

Фото: Pexels