Од вкупно извршени 62 експертизи на доставените сомнителни книжни пари деноминирани во денари, е утврдено дека сите примероци се фалсификати, што претставува намалување за 83% во однос на утврдените фалсификувани книжни пари откриени во текот на 2019 година, покажуваат податоците на Народна банка.
Во вкупниот број откриени фалсификувани книжни пари во 2020 година, најзастапен е апоенот од 2.000 денари (23 парчиња) или 37,1% од вкупниот број фалсификати, потоа следат апоенот од 500 денари (16 парчиња) или 25,8% од вкупниот број фалсификати и апоенот од 100 денари (15 парчиња) или 24,2% од вкупниот број фалсификати.
Вкупната вредност на фалсификуваните денари во 2020 година изнесува 61.900 денари и има незначително учество во однос на вкупната вредност на парите во оптек.
Народната банка во текот на 2020 година вршеше замена на оштетените книжни и ковани пари коишто ги доставуваа физичките лица, како и замена на парите коишто се повлечени од оптек, а за кои не постои временско ограничување за нивна замена. Вкупно е извршена замена на 1.053 книжни пари и 17.698 парчиња на книжните пари повлечени од оптек.
Во однос на извршените експертизи на доставените сомнителни книжни и ковани
пари деноминирани во странски валути во 2020 година, од вкупно 279 направени
анализи се утврдени 236 фалсификувани пари и 43 оригинални пари. Во вкупниот број
фалсификувани книжни пари, најзастапени се книжните пари во евра (212 парчиња) и
американски долари (11 парчиња).
Како и претходните години, бројот на забележани фалсификувани ковани пари е незначителен и се сведува на вкупна количина од три парчиња фалсификувани ковани пари во апоен од две евра. Општата оценка е дека фалсификуваните книжни и ковани пари имаат релативно лош квалитет на изработка, 74 што овозможува едноставно и лесно откривање и утврдување на нивните карактеристики.