Две компании во Словенија воведоа ограничувања за купување гориво

На бензинските пумпи „Мол“ и „Шел“ во Словенија е воведено ограничување за купување гориво од 30 литри за автомобили и 200 литри за камиони.

„Драги пријатели, со цел да се обезбеди избалансирано снабдување со гориво на пазарот, би сакале да ве информираме дека испораката на гориво е ограничена на 30 литри по клиент“, се вели во соопштението на „Мол“, како што објавија словенечките медиуми.

Компанијата соопшти дека итната мерка за ограничување на испораките на гориво треба да обезбеди еднаков третман за сите клиенти, да спречи недостиг и со тоа да обезбеди сигурна безбедност на снабдувањето.

Исто така, компанијата „Шел“ одлучи привремено да ги ограничи испораките на гориво, па на нивните бензински пумпи беше воведено ограничување до 100 литри.

Засега, според словенечките медиуми, само лидерот на пазарот „Петрол“ се откажал од овој потег, пренесува „Танјуг“.