Две лица во автомобил, лечење од 2.000 евра: Кои информации за летувањата во Грција се точни, а кои се мит?

174

Откога почна отворањето на границите за многумина планирањето на летен одмор е главна тема. Излегоа и различни информации, па граѓаните се збунети, особено оние кои оваа година не се откажуваат од грчките плажи, пишува Blic.
Ова е листа на точни и неточни информации кои кружат низ балканските медиуми:

– Не е точно дека патниците нема да можат да влезат во Грција од 15 јуни ако во автомобилот имаат повеќе од две полнолетни личности (возач и еден сопатник).

Што се однесува до туристичките автобуси, грчкиот закон наведува дека “Границата на максималниот број дозволени патници во согласност со важечкиот закон се ревидира во согласност со епидемиолошката состојба“, што значи дека како што слабее епидемијата, така и овие мерки ќе бидат олабавени.

Според сегашниот закон, “сите јавни туристички автобуси и специјалните отворени или затворени градски туристички автобуси можат да носат до 50% патници од максималниот број патници по обезбедено возило“.

– Не е точно дека ќе мора да платите 2.100 евра за лекување ако добиете Ковид-19 во Грција. Ваквите изјави не потекнуваат од Грција и не се забележани во грчките медиуми.

Нашата земја треба дополнително да каже кога ќе може да се отвори границата со Грција, но се очекува да се договорат и да ја отворат најдоцна до 15 јуни.

– Грција веќе мириса на кафе, затоа што кафеаните и таверните се отворени, а хигиената е особено важна. На секоја маса има средство за дезинфекција, келнерите носат маски.

-По повеќе од два месеци жителите кои живеат на копното можат да патуваат на островите (со брод или авион). Редовните линии на траектите до грчките острови од 25 мај почнаа повторно да сообраќаат, а отворени се и рестораните и баровите, во согласност со забрзаните напори на Грција за зачувување на туристичката сезона.

– Хотелите и местата за сместување низ цела Грција добиле здравствени протоколи на кои ќе треба да се придржуваат. За нив нема да биде лесно, од нив се бара да следат голем број упатства.

Фото: Pixabay