Dynamics 365 Commerce – нова алатка на Microsoft за бизниси

2

Microsoft претстави нова алатка којашто ќе им помогне на онлајн трговците подобро да го водат својот бизнис, пишува CNBC. Ова е уште еден обид на технолошката компанија да привлече клиенти, но и обид да конкурира на Amazon.

Dynamics 365 Commerce ќе им овозможи на брендовите да креираат персонализирани веб страни за нивните производи каде што клиентите ќе можат истите да ги оценуваат и да споделуваат коментари.

Oсвен тоа, бизнисите ќе можат да комуницираат со клиенти откако тие нешто ќе купат, но и да следат табели како напредува продажбата.

Dynamics 365 Commerce е надградба на Dynamics 365 for Retail, алатка што се фокусира на промоции, персонал и добавувачи.

Фото: Pixabay