ДЗС: Бројот на работниците во индустријата од јануари до август годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1,4 отсто

51

Бројот на работниците во индустријата од јануари до август годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1.4 отсто. Во август 2024, пак, во споредба со август претходната година, нивниот број е намален за 0.5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст од 4.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.3 %, додека опаѓање бележи во секторот Преработувачка индустрија за 0.9 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.7 %, Капитални производи за 10.5 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 21.3 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.6 %.