Фото: Pexels
Деловните субјекти, во рамките на структурните деловни статистики, реализираа 4,3% поголем промет и 7,8% зголемена додадена вредност во однос на претходната година, велат последните податоци на Државниот завод за статистика.
Предоминантно пазарно ориентираните деловни субјекти (55469) со ангажирани 378.737 вработени лица, остварија вкупен промет од 1.121.017 милиони денари и додадена вредност од 248.289 милиони денари.
Претпријатијата од секторот Трговија на големо и на мало и секторот Преработувачка индустрија учествуваат со повеќе од две третини во вкупниот промет (69,1%), а по нив следат секторите Градежништво со 8,2%, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Транспорт и складирање со 5,9%.
Најголем дел од вработените се ангажирани во секторот Преработувачка индустрија 30,7% во кој се создава 26,5% од вкупната додадена вредност. Секторот Трговија на големо и мало ангажира 26,0% од вкупно вработените кои создаваат 24,0% од вкупната додадена вредност. Значително учество во додадената вредност имаат и секторите Градежништво 11,3%, Транспорт и складирање 8,5% и Снабдување со електрична енергија, гас и пареа 7,0%.
Доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90,3%), а речиси половината од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 32,6% од вкупно вработените, создале 21,2% од вкупната додадена вредност. Од друга страна, во големите претпријатија (0,3%), главно од секторот Преработувачка индустрија, се ангажирани 24,6% од вкупниот број на вработени, со остварени 35,3% од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.