Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, изнесува 106,9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, бележи пораст од 9,7%, во секторот Преработувачка индустрија забележан е пораст од 7,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 0,8%.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, бележи пораст во групата Енергија за 1,1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,3%, Капитални производи за 15,2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 36,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,9%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – октомври 2013 година, во однос на периодот јануари – октомври 2012 година, изнесува 102,6.