ДЗС: Индекси на индустриското производство

14

Индексот на индустриското производство во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, изнесува 97.3, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, бележи пораст од 7,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 3,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 13,2%.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, бележи пораст кај Капитални производи за 28,1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 6,5%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 15,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,7 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јули 2015 година , во однос на периодот јануари – јули 2014 година, изнесува 100.2.