ДЗС: Индекси на прометот во индустријата

21

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во март 2016 година, во однос на март 2015 година, изнесува 106.5.

Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во март 2016, во однос на март 2015 година, бележи опаѓање од 1,0%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 8,6%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во март 2016 година, во однос на март 2015 година, бележи опаѓање од 9,2%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7,2%.

Според главните индустриски групи, прометот во март 2016 година, во однос на март 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,1%, Капитални производи за 19,9% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 11,9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,3%.

Индексот на прометот во индустријата во март 2016 година, во однос на февруари 2016 година, изнесува 108.1, додека во периодот јануари-март 2016 година, во однос на периодот јануари-март 2015 година, изнесува 109.3.