ДЗС: Инфлацијата во август изнесуваше 0,4% – скок кај рестораните и рекреацијата

Трошоците на животот во август годинава бележат благ раст од 0,4 проценти во споредба со претходниот месец, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. На годишно ниво, односно во споредба со август 2025 година, инфлацијата изнесува 2,6 проценти, додека цените на мало бележат раст од 2,3 проценти.

Главниот притисок врз августовската инфлација доаѓа од туристичкиот и угостителскиот сектор — најголемо зголемување на трошоците е забележано во групата рекреација, спорт и култура (3,1%) и кај рестораните и сместувањето (2,5%). Минимален раст бележат и храната и безалкохолните пијалаци (0,5%), како и домувањето и комуналиите (0,2%).

Во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Рекреација, спорт и култура за 3.1 %, Ресторани и услуги за сместување за 2.5 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.6 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.5 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.4 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.2 %.

Во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 0.8 % и Облека и обувки за 0.3 %.

Трошоците на животот во групите: Здравствена заштита, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, Информации и комуникации, Услуги за образование и Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во август 2026 година во однос на јули 2026 година изнесува 99.8.

Индексот на трошоците на животот во август 2026 година, во однос на август 2025 година, бележи зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.3 %. 

Во август 2026 година во однос на јули 2026 година:

  • Стапката на инфлација е 0.4 %
  • Во групата Рекреација, спорт и култура е 3.1 %