ДЗС: Извозот пораснал за 13,1%, а увозот за 12,4%

18

Фото: Pixabay

Во првото тримесечје од годината, забележан е пораст на извозот  и увозот на стоки во споредба со истиот период во изминатата година, објави Државниот завод за статистика

Според претходните податоци на ДЗС, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 79.977.866 илјади денари и бележи пораст од 13,1 %
во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 109 640 908 илјади денари, што е за 12,4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Според последните статистики, трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 29.663.043 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 72,9 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – март 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 1.299.073 илјади евра и бележи пораст од 13,1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1.781.018 илјади евра, што е за 12,5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 481.945 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 1.598.560 илјади долари и бележи пораст од 30,5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2.191.146 илјади долари, што е за 29,9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 592.586 илјади долари.