ДЗС: Најмногу слободни работни места има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна

22

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2018 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,44 %.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2,59 %, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,24 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,93 %. Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,05%.

Најголем број слободни работни места, односно 2.794, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.