ДЗС: Намалување на трошоците за живот во мај

34

cccc0e0a34323948d33a51598277bebd_GenericИндексот на трошоците на животот, како клучен показател за движењето на инфлацијата, во мај во Македонија бележи пораст од 3,4% во однос на истиот месец лани.

Според соопштението на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во мај пораснал за 0,9% во однос на мај минатата година.

Споредено со претходниот месец, забележан е пад на цените на мало, кои се за 0,6% пониски во однос на април, како и на трошоците на живот, кои се намалиле за 0,2%. Ова значи дека на месечно ниво во Македонија во мај е забележана дефлација.

Намалување на трошоците на животот на месечно ниво е резултат на пониските индекси на безалкохолните пијалаци за 5,8 %, зеленчукот за 2,7%, јајцата за 2,5%, преработките од зеленчук за 1,4%, мастите за 1,1% и рибата за 0,3%.

Минатиот месец намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива и гасот за домаќинствата и нафтените деривати за 4,7%, авионскиот превоз на патници за 1,2% и електричните апарати за домаќинствата за 0,4%.

Пораст на индексот на трошоците на животот во мај во споредба со претходниот месец, е забележан кај овошјето за 6,4%, преработките од месо за 1,1%, алкохолните пијалаци за 0,9% и преработките од млеко за 0,6%.

Исто така, пораст на индексите е забележан и кај обувките за 2,3%, средствата за хигиена и пијалаците во рестораните и хотелите за 0,7%, лековите за 0,5% и храната во рестораните и хотелите за 0,4%.