ДЗС: Непроменети продажните цени на индустриски производи во февруари

43

pexels-photo-320621Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар остануваат непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 0,9% на годишно ниво.

Во споредба со јануари 2018 година, во февруари годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар остануваат непроменети во групите Енергија и Трајни производи за широка потрошувачка.

Во февруари 2018, во споредба со февруари минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 4,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,9%, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,6%, и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 %.