ДЗС: Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни е поповолна

14

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2018 година изнесува 19,8 и е зголемен за 0,3 процентни поени во однос на мај, објави Државниот завод за статистика. Зголемување е забележано и во однос на јуни 2017 година и тоа изнесува 2,4 п.п.

Според податоците на ДЗС, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни годинава, во однос на мај, е поповолна и со тоа очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на мај оваа година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, исто како и во однос на јуни минатата година. Се очекува бројот на вработени да порасне.

Во соопштението на ДЗС се наведува дека просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2018 година изнесува 67,8% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 22,7%, недоволната домашна побарувачка со 18,7%, недоволната странска побарувачка со 17,5% и неизвесното економско опкружување со 10,4%.

Фото: Pexels