ДЗС: Пад на цените на производителите на индустриски производи

12

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 1,3% на месечно ниво, а за 0,5% на годишно ниво.

Во март 2018, во споредба со февруари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 5,9%, Капитални производи за 1,8%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4% и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,1%.

Во март 2018, во споредба со март 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 6,7%.

Фото: Pixabay