ДЗС почнува со автоматизирано прибирање на податоци од компаниите и институциите

23

Државниот завод за статистика (ДЗС) започнува со автоматизирано прибирање податоци од деловните субјекти и инстутициите.

Наместо, како досега, преку пошта, прашалниците ДЗС ќе ги доставува по електронски пат, а истите ќе бидат поедноставни и попрегледни.

Интернет комуникацијата се очекува значително да го намали губењето време при доставувањето на податоците, но и да ги намали трошоците.

Првите четири електронски истражувања, меѓу кои за слободни работни места и плати, стартуваат во септември. Прашалниците ќе се креираат автоматски, дел по дел, во текот на пополнувањето. Нема да може да се премине на следно прашање, доколку претходното не се одговори квалитетно. Со вградените контролни системи, грешките ќе бидат сведени на минимум.