ДЗС: Поповолна економската состојба на деловните субјекти

38

F980F9B3DA4CE64CB024872FE68A94E7Според оценката на раководителите, eкономската состојба на деловните субјекти во јануари 2013 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на јануари 2012 година.

Како што известуваат од Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти ја оцениле обезбеденоста на производството со порачки како поповолна во однос на претходниот месец.

Обемот, пак, на производството во јануари 2013 година е оценет како поповолен во однос на претходниот месец, а поповолни се и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, како и очекувањата за бројот на вработените.

Во минатиот месец, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите, пак, на готовите производи се незначително зголемени во споредба со претходниот месец, а просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти изнесува 60% од нормалното.

На ограничувањето на обемот на производството во јануари 2013 година, најмногу влијаеле недоволната странска побарувачка со 27,5%, недоволната домашна побарувачка со 18,8,% неизвесното економско опкружување со 11,4% и финансиските проблеми со 9,5%.