ДЗС: Пораст на цените на мало и трошоците на живот

29

prodavnica_02-600x450Годинава цените на мало во април споредено со претходниот месец бележат пораст од 0,9 %, а трошоците на живот за 1,3%.

Државниот завод за статистика соопшти дека порастот на трошоците на живот се резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 31,1%, овошјето за 4,6%, цигарите за 3,5%, јајцата за 1,8%, свежото и киселото млеко и преработките од млеко за 0,7%, преработките од овошје и алкохолните пијалоци за 0,3% и месото и кондиторските производи за 0,2%.

Минатиот месец, пораст на трошоците на животот е забележан и кај меѓуградскиот превоз на патници со автобус за 5%, авионскиот превоз на патници за 4,6%, ПТТ-услугите за 1,9%, сообраќајните средства за 0,7%, здравствените услуги за 0,5%, услугите за лична хигиена за 0,4% и останати услуги неспомнати на друго место за 0,3%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во април 2013 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај преработките од риба за 1,4%, другите прехранбени производи за 0,3% и преработките од месо за 0,2%.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива и гасот за домаќинствата за 3,1%, нафтените деривати за 2,8% и мебелот и средствата за хигиена за 0,2%.

Цените на мало во април 2013 година, во споредба со април 2012 година, бележи пораст од 0,9%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 3,3%.