ДЗС: Пораст на цените во земјоделството во февруари

25

broccoli-3210170_960_720

Фото: Pixabay

Цените на земјоделските производи во изминатиот месец бележат благ пораст во однос на цените во истиот период ланската година. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во февруари 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 1,6%, а кај аутпутот се бележи намалување од 3,6%.

Во февруари 2018 година, во споредба со февруари 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 101.6, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.3.

Во делот аутпут, во февруари 2018 година, во споредба со февруари 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 94.5, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 105.1.