ДЗС: Пораст на откупот на земјоделски производи во првиот квартал од 2018

21

Фото: Pixabay

Откупот и продажбата на земјоделски производи во првото тормесечје од 2018 година се зголемени за 4,6% во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците откупот на земјоделски призводи од индивидуалните производители пораснал за 10,9%, додека продажбата од сопствено производство опаднала за 7,5%. Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај индустриските и градинарските растенија, како и кај овошјето, алкохолните пијалоци, добитокот, млекото и млечните производи.

Додека, пак, намалување на откупот и продажбата е забележано кај житата, фуражните култури, живината, јајцата и рибата. Во јануари и март годинава пораснала и месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделските производи, додека во февруари е забележано нејзино намалување.