ДЗС: Пораст од 8,8% во Преработувачката индустрија

17

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2019 година, во однос на март 2018 година, изнесува 107.5.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март, во однос истиот период минатата година, бележи пораст од 10,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 4,6%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март годинава, во однос на март лани, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,3% и Капитални производи за 20,2% додека опаѓање бележи кај Енергија за 0,8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 11,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – март 2019 година, во однос на периодот јануари – март 2018 година, изнесува 108.8.

Фото:Pixabay