ДЗС: Повеќе туристи во септември

17

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2016 година изнесува 84.018, а бројот на ноќевањата изнесува 197.122.
Бројот на туристите во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, е зголемен за 6,1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7,0%.
Бројот на домашните туристи во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, е зголемен за 22,7%, а бројот на странските туристи е зголемен за 0,9%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, е зголемен за 21,9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 1,1%.
Во периодот јануари – септември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4,3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4,8%, а кај странските има зголемување за 4,0%.
Во периодот јануари- септември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,3%, а кај странските има зголемување за 0,8%.