ДЗС: Превезени патници со автобуси за четврто тримесечје во 2017

22

trafalgar-square-2543172_960_720Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2017 година, во однос на истиот период од 2016 година, вкупниот број на превезените патници во патниот патнички превоз е намален за 5,9%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 8,8%, во приградскиот превоз за 3,1%, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 2,6%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето бележи 9,5%.

 Во однос на третото тримесечје од 2017 година, вкупниот број на превезените патници е зголемен за 22,4%. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 27,2%, во приградскиот превоз за 25,9%, во меѓуградскиот превоз е намален за 6,1%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 29,2%.

Во четвртото тримесечје од 2017 година, во однос на истиот период од 2016 година, вкупниот број на патничките километри во патниот патнички превоз е зголемен за 4,4%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 16,2%, во меѓуградскиот превоз за 4,5%, а во приградскиот превоз е зголемен за 13,6%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето е 28,0%.
Во однос на третото тримесечје од 2017 година, вкупниот број на патничките километри е намален за 3,0%.

Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 17,9%, во приградскиот превоз за 24,0%, а во меѓуградскиот превоз е намален за 7,5%, додека во меѓународниот превоз намалувањето е за 23,9%.