ДЗС: Просечната бруто плата за октомври 2013 зголемена во споредба со октомври 2012

20

Државниот завод за статистика, според своите податоци објави дека индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, изнесува 101.1
Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво 7,4%, Tранспорт и складирање 6,5% и Рударство и вадење на камен 4,7%.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација 7,2%, Рударство и вадење на камен 5% и Градежништво 3,3%.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2013 изнесува 31.228 денари. Во октомври 2013 година, 1,3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.