
Фото: Pixabay
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2017 година, изнесува 23.850 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2017 изнесува 35.017 денари, пишува во најновиот извештај на Државниот завод за статистика.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (12,2%), Преработувачка индустрија (10,4%) и Стручни, научни и технички дејности (9,1%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (13,7%), Стручни, научни и технички дејности (10,6%) и Преработувачка индустрија (10,3%).
Во декември 2017 година, 1,2% од вработените во Република Македонија не зеле плата.