ДЗС: Стапката на сиромашни лица во 2015 година беше 21,5%

27

Стапката на сиромашни лица во Македонија, во текот на 2015 година, изнесуваше 21,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2015 година е 22,8%. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни вработени лица е 9%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,2%.

Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 33,8%.

Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење којашто се спроведува во согласност со препораките на Европската унија, во 2016 година ги пресмета Лаекен индикаторите за сиромаштијата за 2015 година. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.