ДЗС: Вкупна потрошувачка по видови енергенти во Македонија за јуни 2014

43

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2014 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 585.582 МWh електрична енергија, 2.984 мил. nm3 природен гас, 385.998 тони јаглен и 62.321 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 56,7% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 94,9% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.