ДЗС:Зголемена вредноста на договорени и извршени градежни работи во странство

16
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – септември 2023 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 230 887 илјади денари, што е за 66.8 % повеќе во
споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 148 656 илјади денари, што е за 46.7 % повеќе во споредба со истиот период од
претходната година.
Вредносните податоци за периодот јануари – септември 2023/2022 година се дадени врз база на паритетот 1 САДдолар = 57,6535 денари.