Е-книгите во подем, читаноста на печатените изданија опаѓа

43

Читањето книги на таблети и мобилни телефони станува се попопуларно во САД, каде скоро една четвртина од љубителите на книги користат е-книги.

Бројот на луѓе што читаат е-книги постари од 16 години, за една година од 16% се искачил на 23%, додека читаноста на печатените изданија паднала од 72% на 67%, објави Pew Research Center.

“Бројот на читачи на е-книги расте паралелно со растот на бројот на разни електронски уреди. Е-книги најчесто читаат образовани луѓе, на старост меѓу 30 и 49 години, кои годишно заработуваат преку 75.000 долари”, се наведува во резултатите на истражувањето.

Се очекува приходите од продажбата на е-книги во целиот свет во 2016 година да достигне 9,7 милијарди долари, што е три пати повеќе од приходот од оваа година.