„Е.ОН“: Не размислуваме за напуштање на „Северен тек 2“

69

Не се размислува за излез од проектот „Северен тек 2“, изјави на денешната прес-конференција директорот на најголемиот германски енергетски концерн „Е.ОН“, Леонард Бирнбаум.

„За излез од проектот „Северен тек 2“ во моментов воопшто не се размислува. Не може да се продаде, тоа е јасно. Можно е да му се подари на рускиот акционер, но што може да се добие на тој начин и која е казната?“, рече Бирнбаум и додаде дека Германија, без разлика што е потешко да се зборува за тоа и што не е популарно, како досега, ќе ги исполни своите права во однос на „Северен тек 2“, пренесе Спутник.

Бирнбау додаде дека независноста од рускиот гас може да се постигне во период од две до три години, а терминалот за течен природен гас би можел да биде готов до крајот на 2023 година.