e Sight очилата им помагаат на лицата со оштетен вид да гледаат

26

esight2

Очилата e Sight се најнов технолошки изум што ќе им биде од голема помош и корист на лицата со оштетен вид.

Станува збор за уред што користи посебна технологија што им помага на лицата со овој проблем да гледаат. Корисниците кои веќе го пробале велат дека со помош на очилата можат да ги прават сите активности како и останатите луѓе без никакви пречки и проблеми.

912c46287ec23480904b400b1953d8dc_XL

Овие очила, кои користат софистицирана технологија, на корисниците им овозможуваат леснотија при извршување на сите активности. Вградените компоненти работат со цел да се обезбеди голем квалитет на сликите што ќе се репродуцираат во очите на корисникот, испраќајќи повеќе податоци и зголемување на реакциите на клетките во окото.