e – Trader: Нова услуга на Комерцијална банка

77

 

komercijalna-banka-logo-2

Комерцијална банка АД Скопје ја пушти во употреба апликацијата e – Trader, којашто е наменета за крајните корисници (клиентите на брокерската куќа на банката) преку којашто се овозможува испраќање електронски налози до брокерите на банката и комплетен увид во тргувањето со хартии од вредност на Македонската берза, стои во соопштението.

За користење на апликацијата e – Trader доволно е корисникот да има електронски уред со пристап на интернет. Независно каде се наоѓа, e – Trader овозможува испраќање на електронски налози до брокерите на банката и следење на тргувањето со хартии од вредност во реално време, а со тоа го заменува традиционалниот начин на тргување, којшто претпоставува физичко присуство на клиентите при давање на налозите.

Со една посета на брокерите на банката, корисникот ќе добие корисничко име и лозинка за заштита, а испраќањето на налозите ќе може да го прави од домот, од работните места, од странство, додека е на одмор, итн.

Апликацијата е едноставна за користење и овозможува:

  • високо ниво на сигурност (SSL сертификат, единствено корисничко име и лозинка за заштита на корисниците);
  • едноставност во пополнувањето на налогот, неговиот внес, измена или повлекување;
  • преглед на портфолиото и паричната состојба со моментално ажурирање, согласно пазарната состојба;
  • преглед на пазарните податоци (цена, пазарна длабочина, трансакции);
  • следење на внес и извршување на налогот во реално време;
  • преглед на активни налози;
  • следење на налогот во пазарната длабочината;
  • аларми (нотификации за промените на пазарот).