Easy Wine и Easy Beer – иновативни и автоматизирани ресторани

35

easy-wine-facebook

Фото: Facebook

Во главниот град на Латвија работат два ресторана за сите љубители на виното и пивото. Она по што се поинакви од останатите е во тоа што Easy Wine и Easy Beer се иновативни и функционални поради паметните решенија што го подобруваат корисничкото искуство на гостите, пишува Franchising.hr.

“Во класичните барови или ресторани, на пример, најмалата количина на пиво што може да се добие е 300 милилитри, а гостинот е должен да го плати тој износ, без оглед на тоа дали ќе го испие или не. Во Easy Beer, гостите може да наточат пиво колку што ќе посакаат, а може да стават и само 30 милилитри. Нарачаната количина ја одредува цената, а гостинот сметката ја плаќа на крајот на вечерта. Праксата покажува дека овој вид на плаќање значително ја поттикнува потрошувачката“, вели Петерис Озолс, директор на групацијата на овие ресторани.

easy-beer-facebook

Фото: Facebook

Рестораните се опремени со специјален ѕид со пијалаци преку којшто гостите може сами да се послужат. Винскиот бар е опремен со над 60 видови на вина, додека на љубителите на пиво им стојат на располагање 200 видови од овој пијалак. За секој вид на пијалак, следува и храна што одговара.

Овој систем нуди франшиза за пазарите надвор од земјата. Доколку некој би сакал да го купи овој концепт, ќе му бидат потребни 150.000 евра. Половина од тој износ отпаѓа на софтверот и целокупната опрема за барот и кујната, а давателот на франшизата нуди и опрема на лизинг.