eBay ги надмина проценките на аналитичарите за квартални деловни резултати, бидејќи онлајн трговската компанија имаше корист од скокот на купувањето преку интернет.
Овој вид на бизнис доживеа пораст поради луѓето кои се во карантин, откако државите се затворија поради коронавирусот.
Приходот се зголеми на 2,87 милијарди долари, од 2,42 милијарди американски долари во вториот квартал и ги надминаа проценките на аналитичарите од околу 2,8 милијарди американски долари.
Компанијата ја зголеми својата прогноза и сега очекува годишната нето продажба да биде помеѓу 10,56 милијарди и 10,75 милијарди долари, што одговара на раст од 12 до 14%.
Фото: Pixabay











