eBay ќе ја проверува автентичноста на луксузните часовници

79

Програмата за идентификација на eBay од сега ќе покрива и часовници. Гигантот за онлајн шопинг започнува со верификација на автентичноста на луксузните часовници, како што досега правеше со луксузни чанти, пишува Engadget.

Ќе бидат проверувани повеќе од 30 брендови вклучувајќи ги Audemars Piguet, Breitling, Patek Philippe и Rolex. Продавачите кои ќе поставуваат колекции ќе добијат беџ за верификација на автентичноста којшто ќе означува дека не се работи за фалсификати.

Првичната селекција ќе вклучува околу 7.000 нови и користени часовници чиишто цени ќе се движат од  500 до речиси 50.000 долари и ќе доаѓаат преку најдобрите продавачи на eBay.

Часовнците се една од најпродаваните категории на производи на eBay и во исчекување беше токму една ваква програма, со оглед на тоа што често пати се појавуваа и фалсификати.

Компанијата се уште ги нема наведено трошоците за трговците.

Фото: Pixabay