ЕБОР ќе издвои 1,7 милијарди евра за Западен Балкан

32

Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сума Чакрабарти, најави силно зголемување на финансирањето за Западен Балкан оваа година за дури 1,7 милијарди евра во однос на минатогодишните рекордни 1,3 милијарди евра.

Чакрабарти во изјава на виртуелниот самит ЕУ-Западен Балкан  рече дека ЕБОР ќе ја засили поддршката за реформите што ќе му помогнат на регионот да се справи со економското влијание од пандемијата од коронавирусот.

Според него, ЕБОР ќе комбинира и своја финансиска поддршка за регионот со грантови од партнери од Европската унија (ЕУ).

Претседателот на ЕБОР прецизираше дека финансиските ресурси на таа банка наменети за Западен Балкан ќе бидат повисоки за околу една третина и дека тие ќе изнесуваат 1,7 милијарди евра оваа година.

Тој додаде дека ЕБОР е горда да ги поддржи напорите на Тим Европа со својот пакет мерки за солидарност за одговор и закрепнување на економиите во борбата против последиците од Ковид-19.

Чакрабарти објасни дека финансирањето на ЕБОР во Западен Балкан ќе биде фокусирано на микро, мали и средни претпријатија и финансирање на прекугранична трговија, како и на инфраструктура во енергетскиот сектор и услугите на локалната самоуправа.

Банката исто така ќе обезбеди инвестиции насочени кон постигнување економски раст и создавање работни места за време на периодот на пост-пандемично закрепнување.

Фото:Pixabay