ЕЦБ ги задржа каматните стапки непроменети

Европската централна банка (ЕЦБ) денес ги задржа сите три клучни каматни стапки на исто ниво – референтната каматна стапка за депозити на два проценти, каматната стапка за главните операции за рефинансирање на 2,15 проценти и каматната стапка за маргиналната кредитна линија на 2,4 проценти.

Според новите проекции на банката, инфлацијата во еврозоната ќе изнесува 2,1 процент во 2025 година, 1,7 проценти во 2026 година и 1,9 проценти во 2027 година.

Очекуваната стапка на базична инфлација во еврозоната е 2,4 проценти во 2025 година, 1,9 проценти во 2026 година и 1,8 проценти во 2027 година.