
Европската централна банка (ЕЦБ) ги задржа сите три клучни каматни стапки на исто ниво – референтната каматна стапка за депозити на два проценти, каматната стапка за главните операции за рефинансирање на 2,15 проценти и каматната стапка за граничната кредитна линија на 2,4 проценти, а во исто време предупреди на економските ризици од војната на Блискиот Исток.
Ефектот ќе се одрази веднаш преку зголемувањето на цените на енергијата, додека среднорочното влијание ќе зависи од интензитетот и времетраењето на конфликтот, изјави банката.
Според новите проекции на ЕЦБ, кои вклучуваат податоци до 11 март, се очекува просечната инфлација во еврозоната да биде 2,6 проценти во 2026 година, 2 проценти во 2027 година и 2,1 процент во 2028 година.











